Марија Герас Дочовска, основач на ОДИКОН Консултанти
Марија Герас Дочовска, основач на ОДИКОН Консултанти

Ние ја превземаме одговорноста да го
истражиме Вашето мислење

и да ги пренесеме вашите предлози и потреби кај Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион

Odikon

Фирмата ОДИКОН Консултанти е основана за да им овозможи на претприемачите специјален пристап до мноштво разновидни експерти кои работат независно од нашата компанија, а коишто Ви се неопходни за успешен почеток и/или развој на Вашите бизнис иницијативи.

Нашето име е нашата визија: ОД-И-КОН! Поаѓаме ОД Вашите деловни потреби И со ангажман на потребните стручни лица Ви помагаме да се движите ефикасно КОН Вашата цел.

Нашата мисија е да Ви го олесниме предизвикот, без оглед дали имате потреба од техничка или финансиска поддршка, дали сте во потрага по соодветен кадар или вистински партнер во земјава и во странство.

Имаме децениското искуство во давање стручна поддршка на приватниот бизнис во секторите: градежна, прехранбена и текстилна индустрија, туризам, обновлива енергија, земјоделство, услужни дејности и надворешна трговија.

Благодарение на личното искуство, ние внимателно ги одбираме нашите соработници кои  би Ви ги препорачале затоа што знаеме дека од изборот на компетентен, исполнителен и доверлив соработник зависи успехот на секој деловен потфат.

© 2020 Odikon Consultants