Како ЕУ ја гледа иднината на европското село?

Кон крајот на март 2019 година, Европскиот парламент го усвои ставот дека за развој на концептот „паметно село“,  земјите членки на ЕУ ќе бидат обврзани да издвојат најмалку 5% од финансирањето на Европскиот фонд за регионален развој до 2021 година.

Со овие средства треба да се постигне окружување што ќе им овозможи на жителите на руралните области да ги имаат истите можности како жителите на големите градови.

Целта е да се изедначи квалитетот на животот во руралните области со начинот на живот во градовите, со цел да се постигне подобра прераспределба на населението во Европа (Бледска Декларација за паметни села).

За очекување е дека со нашето отпочнување на предпристапните преговори и за нас ќе се отворат гополнителни средства за овој приоритет.

Но дали ние во Македонија знаеме што се тоа паметни села?

 

Во одговор на ова прашање го пренесувам до вас во целост размислувањето на Благородна Абрашева Ноциќ, која пишува:

Во последно време се повеќе се зборува за „паметни села“, „интелегентни технологии“ и „дигитален аграр“, но за повеќето, овие поими се само зборови- апстрактни и неразбирливи.

Со усвојувањето на политиките и стратегијата на Европската Унија, и во Македонија почна да се зборува за нови и модерни концепти за развој на земјоделието. Владата и релевантните инстутуции, подолго време подготвуваат нови стратегии за воведување на интернет тенологијата во овој сектор, со кои би се намалиле трошоците на производството, а загубите би се свеле на минимум. Иако во Европа на големо се расправа за развојот на дигиталните села, кај нас интернет технологијата е мислена именка. Ретко кој индивидуален земјоделец знае што е компјутер и кои се неговите придобивки, а модерни технологигии користат само некои од поголемите комбинати.

Институционалниот развој на идејата за „интелигентно земјоделство“ започнал со одговорот на прашањето-што се тоа паметни села? Дефиницијата ја разработила Европската мрежа за рурален развој и според неа „паметни села“ се рурални подрачја и селски заедници, кои се развиваат со здружување на сите свои сили и расположиви ресурси. Ова ја креира можноста за комбинирање на традиционалните и новите пракси, ставени во погон заедно со употребата на современите технологии. Клучниот патокоз на европскиот пристап за рурален развој, го преферира патот- од долу нагоре, односно локалните заедници се тие кои ги дефинираат своите потреби и го иницираат развојот во саканата насока.

Со анализа на локалните специфичности во земјоделскиот сектор на Балканот, се дошло до заклучок дека конкретната програма отвора безброј можности. Резултатот од ова би бил, раст на квалитетот на животот, но и зачувување на локалните вредности.

Концептот на „паметни села“ ветува решавање на бројни социјални проблеми, како што е иселувањето, високата невработеност, слабата достапност кон образовната, здравствената и културната инфраструктура…

Кај нас, конкретно, паметните села би значеле надоградување на традиционалните земјоделски пракси со нови технолошки решенија. Кружната економија би подразбирала подобрување на економскиот учинок и рециклирање, или појасно, користење на секундарниот биоотпад за греење на шталите, енергија добиена од обновливи извори, употреба на современи информациски и информатички алатки.

Во опширната студија „Предвесници на промените: одржливо земјоделство како пат кон просперитетот на Западен Балкан“, нарачана од германската компанија „Хенрик-Бол“, се потенцира дека балканските села, иако структурно потполно запуштени и понатаму имаат огромен неискористен потенцијал, што може да создаде додадена вредност. Клучот е еколошко, наместо конвенционално земјоделство! Во идеално сценарио ова би значело искористување на сопствениот биоотпад за сопствени извори на енергија и со самото тоа зголемување на производството. Од овој аспект како особено успешно се покажало еколошкото полјоделство. Долгогодишните експерименти водени преку три децении во САД и Европа, покажуваат дека еколошкото полјоделство зависно од културата, акумулира од 12-300 отсто повеќе органски материи во почвата, отколку конвенционалното. Истовремено се осигурува долгогодишната одржливост на земјоделските приноси.

Поинаквата употреба на биомасата е уште еден важен сегмент. Спрема овој концепт, биомасата се произведува исклучиво од органски отпад што останува како резултат на земјоделското производство и производството на храна. Фокусот е во добивање на топлинска енергија која подоцна се користи за загревање на шталите, пластениците, сушарниците, но и за производство на електрична енергија за сопствени потреби.

Технологијата во корист на заедницата е уште една корисна придобивка од овој концепт. Новите информатички технологии можат да ја осигураат достапноста на информациите и податоците околу агрометеорологијата, начините и ризиците во производството, достапноста и цените на пазарите за одредени производи, што на земјоделците им се потребни за успешно производство. За овие идеи да станат реалност, сепак е потребен интерес од заедницата. Селата треба да станат пожелни места за живот и работа, првенствено за кадри кои поседуваат минимум информатичко знаење.

Статијата е превземена од: https://www.cybergreenmarket.com/

© 2020 Odikon Consultants