Што се подразбира под Паметно рурално претприемништво?

Руралното претприемништво е потврден начин на „ревитализација на руралните средини“, особено на оние недоволно развиени и периферни, како што е Пелагонискиот плански регион.

Претприемништвото се прифаќа како еден од најважните начини за унапредување на развојот на руралните области. Формулата за успех претпоставува комбинирање на  2 клучни елементи:

 

Забележано е дека претприемништвото и иновациите, комбинирано, не само што помагаат во

  • создавање нови работни места, туку и
  • придонесуваат за подобрување на општата стопанска конкурентност;
  • создаваат економски раст и ново богатство за руралниот простор; и на крајот
  • го подобруваат квалитетот на животот за локалните жители.

Тоа е одговор на проблемите во руралните средини, не само кај нас туку и ширум ЕУ. Политиките на ЕУ покажуваат се поголемо интересирањето за претприемништвото во руралните области кои страдаат од  континуиран пад на населението и слабеење на традиционалните стопански активности како што е земјоделството.

Затоа, денес, сè поголем број рурални области во Европа бараат решение во дополнителни извори на приход, поддржувајќи диверзифицирање на нивните традиционални активности и воведување на голем број други претприемачки активности како што се туризмот, гастрономијата и занаетчиството.

Во срцето на иновациите  лежи претприемништвото, како „уметноста“ на правење креативни работи заради постигнување на некаков вид компаративна предност.

Ова е во согласност со Новата рурална парадигма на Организацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД (2006) која ги нагласува претприемништвото и иновациите како процеси суштински  за руралниот развој.

Погоре реченото е исто така во согласност со стратегиите за паметна специјализација кои беа воведени со Регулативата (ЕУ) 1301/2013 на Европскиот парламент и Советот од 17 декември 2013 година.

Паметната специјализација подразбира специфични иновативни политики што се засновани врз можностите и потенцијалите на различни региони. Стратегиите за паметна специјализација треба да бидат развиени преку вклучување национални или регионални управни органи и засегнати страни, како што се универзитети и други институции за високо образование, индустријата и социјалните партнери во заеднички процес на претприемнички откритија. Така, наместо да биде стратегија наметната одозгора, паметната специјализација ги вклучува сите споменати заинтересирани страни кои работат заедно за да ги идентификуваат најперспективните области на специјализација во регионот, но и тамошните слабостите што ја отежнуваат иновацијата.

Од сето погоре кажано, може да се заклучи дека руралните средини кои ќе се определат да спроведат паметна специјализација имаат најдобри изгледи за развој бидејќи со тоа што го поддржуваат паметното рурално претприемништво, создаваат компаративна предност за регионот .

© 2020 Odikon Consultants