Паметно Рурално
Претприемништво

Проектот Паметно Рурално Претприемништво вклучува соработка на 8 организации од Северна Македонија, Грција, Бугарија и Кипар со цел да се овозможи здружен пристап кон заедничките проблеми во развојот со кои се соочуваат руралните средини.

Поточно, партнерите сакаат директно да го подобрат квалитетот на животот за жителите на руралните области. Со тоа би ги ублажиле специфичните структурни и социо-економски предизвици, како што се ниското ниво на приходи, недостатокот на можности за вработување и процесите на депопулација.

Во фокусот на вниманието се големи рурални подрачја коишто се одликуваат со компаративни предности кои се скапоцено средство за развојот на националната и регионалната економија на петте земји учеснички. Во нашата земја тоа е Пелагонискиот плански регион.

Главната цел на проектот е создавање и примена на модел за специјализиран развој, наречен SmartRural. Моделот е заснован врз принципите на примена на иновации, одржлив економски развој и зголемување на општата благосостојба. За оваа цел, проектните партнери, низ транснационална соработка, обезбедуваат техничка, финансиска и советодавна поддршка на претприемачите.

За локалните власти и другите клучни засегнати страни, проектот ќе овозможи подлабок увид и пристап до знаење како да се применат ефективни методи и алатки за одржлив рурален развој. Тоа ќе се постигне преку нивно поврзување со деловно ориентираната транснационална мрежа и преку примена на SmartRural моделот за развој.

Се очекува резултатита на проектот да ги намалат специфичните структурни и социо-економски предизвици.

Главните резултати на Smart Rural моделот се:

  1. Електронска банка на алатки за работа со применливо знаење;
  2. Веб-страница со е-услуги која е лесно достапна и бесплатна за корисниците;
  3. Воспоставување на постојана канцеларија за консултации и услуги за поддршка на руралното претприемништво. Оваа канцеларија ќе функционира во рамките на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион;
  4. На најмалку 10 претпријатија и/или стартап компании ќе им биде овозможено да примаат консултантски услуги.

http://pelagonijaregion.mk

© 2020 Odikon Consultants