Консолидација на земјоделско земјиште

Почетна Форум Просторни и инфраструктурни планови и потреби Консолидација на земјоделско земјиште

  • This topic is empty.
  • КОНСОЛИДАЦИЈАТА НА ЗЕМЈОДЕЛСКОТО ЗЕМЈИШТЕ е еден од најактуелните програми кои ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка на FAO (Организацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации).

    Фрагментираноста, како на сопственоста, така и на користењето на земјоделското земјиште, е еден од најголемите предизвици за земјоделскиот сектор во земјата.
    За се што се случува на ова поле можете да се информирате на http://www.fao.org/in-action/mainstreaming-national-land-consolidation-programme/mk/

    Јас имав чест да работам на изработката на 4 Физибилити студии за утврдување на потребите и оправданоста за спроведување на консолидација на земјоделското земјиште во Општина Битола за селата Логоварди, Оптичари,Трн и Жабени.
    Студиите ги спроведе тимот на ГЕО БАЛКАН од Битола. Мојата улога во тимот беше да ги координирам наодите на експертите и да помогнам во составувањето на крајниот документ.

    Сметам дека ова е тема во која треба да земат активно учество сите чинители кои на овој или оној начин се поврзани со развојот на руралните средини.

Viewing 1 post (of 1 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants