Aнализа на руралното претприемништво

  • Приклучувајќи се на оваа дискусија Вие ќе помогнете во согледувањето на предностите, слабостите, можностите и пречките за развој на руралното претприемништво во Пелагонискиот плански регион. Ова е таканаречената SWOT анализа. За тоа кои се придобивките од ваквата анализа прочитајте повеќе во понудената статија.
    Вашето мислење и коментар ќе влијаат врз понатамошната работа на Центарот за поддршка на Пелагонискиот плански регион кој има проектна задача да создаде Центар за поддршка на руралното претприемништво. Центарот ќе биде трајна придобивка на проектот SmartRural
    Вашите дискусии можете да ги дадете како коментар на оваа порака или во рамките на некоја од под-темите: земјоделство, сточарство, пчеларство, туризам ит.н.

    petar andonov
    Participant

    Кредитот како финансиски инструмент е еден од основните алатки за витален развој на земјоделството и има пресудна улога при основањето на профитабилни производствени единици и водење на нивните деловни активности. Кредитирањето овозможува дополнителна акумулација на капитал потребен за вложување во окрупнување на земјоделските поседи, набавка на нова опрема и механизација, модернизација на производството и зголемување на продуктивноста. Тоа ја потенцира зависноста на развојот на конкурентската способност на земјоделството од кредитната политика на банките и другите финансиски институции. Кредитната поддршка од финансиските институции како извор на финансирање ги опфаќа краткорочните кредити, со рокови на отплата до една година кои служат за финансирање на потребите од обртни средства (семе, ѓубриво, нафта, пестициди, добиточна храна итн.) и долгорочните кредити кои се одобруваат со рокови за враќање подолги од една година и се наменети за финансирање на инвестициски проекти (производствени објекти, земјоделско земјиште, хидромелиоративни системи), подигање на долгогодишни насади, набавка на основни стада, набавка на опрема и механизација за финализација на земјоделското производство, воведување на нови производствени линии со извозна содржина за подобрување на конкурентноста на надворешниот пазар и други набавки на трајни обртни средства.
    Комерцијалното финансирање на земјоделството во Република Македонија се одвива преку деловните банки и штедилници кои обезбедуваат средства за кредитирање во рамките на своите продукти, но и од странски донаторски кредитни линии кои тие ги администрираат. Соодветно на природата на функционирање на банкарскиот сектор, тие се многу повеќе ориентирани кон градските подрачја каде што има поголема концентрација на потенцијални клиенти и дејности со поголема профитна стапка (услуги, трговија, тешка индустрија), отколку кон селските подрачја кои се претежно ориентирани кон земјоделство. Кредитирањето во овој сектор пак е најчесто насочено кон поголемите фарми така што извесен број на помали индивидуални земјоделски производители имаат ограничен пристап до кредити. Тешкотиите во финансирањето на овие лица е најчесто резултат на немање сопственост врз средствата кои потенцијално можат да се земат како обезбедување (куќа, земја и други објекти), а таму каде што постои сопственост врз средствата (механизација, основни стада) најчесто не постои расположение за нивно давање како колатерал од причина што тие се сметаат за клучни во нивната егзистенција. Друг ограничувачки фактор за кредитирање на земјоделството е што кредитните истории на кредитобарателите не се тековни и не нудат адекватни информации што доведува до нивна асиметричност и ја отежнува изработката на квалитетна кредитна анализа. Ако кон ова се додадат потешкотиите од правен карактер кои придонесуваат за бавно впаричување на обезбедувањето во случај на ненавремена отплата, може да се каже дека за банките во овој момент кредитирањето на земјоделството е високоризично и нископрофитабилно.

Viewing 2 posts - 1 through 2 (of 2 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants