Лицето и наличјето на субвенциите

Почетна Форум Техничка и финансиска поддршка Лицето и наличјето на субвенциите

  • petar andonov
    Participant

    Висината на директните плаќања по единица производ е последните 5 години е помеѓу 5 и 36% од висината на откупната цена и највисока е кај тутунот, грозјето, млекото и пченицата. Учеството на приходите од директните плаќања во вкупните приходи (приходи од реализација на производите плус износот на директните плаќања) е различно по подсектори и се движи помеѓу 5-52%. Најголемо значење во вкупните приходи субвенциите имаат кај млекото,тутунот и зелката каде тие учествуваат со околу половината од приходите, грозјето (43%) и пченицата (30%), а најмало кај останатите градинарски производи. Сепак од аспект на реална поддршка на приходот и подобрување на економичноста на работењето на земјоделските стопанства, а со тоа и задржување на интересот за производство, директните плаќања најголема улога имаат кај производството на млеко каде приходите од продажба се само 22% од трошоците на производството, по што следува тутунот (50%), винското грозје (63%), пченицата (82%) итн. Од друга страна овој процент разбирливо е висок кај поконкурентните производи и кај градинарските производи и оризот.
    Финансиска поддршка на земјоделството во изминатите неколку години имаше позитивно влијание на зголемување на обемот на производството кај конкурентните, извозно-ориентирани земјоделски производи, со различен интензитет по подектори, како и на задржување на постојниот обем на производство кај подсекторите со помала конкурентност во однос на странските производи.

    FraPep
    Participant

    It agree, this remarkable idea is necessary just by the way

    Jasonwet
    Participant

    Useful idea

Viewing 4 posts - 1 through 4 (of 4 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants