Предности и слабости

  • petar andonov
    Participant

    Слабости:
    • земјоделството е ризичен сектор за работа,
    • не се можни сериозни инвестиции во земјоделството без финансиски средства,
    • каматната стапка за земјоделските кредити треба да биде околу 4%,
    потребна е поголема информираност за достапноста до кредитни линии за земјоделството, државните програми за финансиска поддршка на земјоделството и до финансиските средства од ЕУ,
    • потребна е обука на советодавна служба која ќе помогне во информирање на земјоделците и прибирање и подготвување на соодветна документација за кредитирањето,
    • постои потреба од соработка помеѓу земјоделците, финансиските институции и откупувачите за унапредување на кредитирањето,
    • процедурите за добивање средства од ИПАРД програмата и Националната програма за земјоделство и рурален развој се сложени и нејасни, а документацијата преобемна,
    • методологијата за изработка на инвестивциона програма од ИПАРД програмата е зависна од тоа за кој износ на средства се однесува и за која мерка,
    • критериумите за оценување на оправданоста на вложувањата зависат од мерката за која се однесува програмата за финансирање во земјоделството.

    Предности:
    • земјоделците и финансиските институции си се взаемно потребни,
    • земјоделците се чесни клиенти кои дисциплинирано и навремено си ги подмируваат обврските,
    • ЗКДФ кредитната линија во моментов е најповолна за земјоделците, но потребно е таа да се надополни со средства за и понатаму да може да одговори на побарувачката.

    “Структурата на македонското земјоделство се карактеризира со голем
    број на индивидуални и мали земјоделски стопанства чии човечки ресурси се
    карактеризираат со релативно ниско образовно ниво.
    Оттука, а согласно со спецификите на земјоделското производство, потребно е
    специфично-скроено неформално образование за земјоделците што ќе обезбеди
    континуиран систем за обуки за подобрување на нивните квалификациите, особено за
    управување со земјоделското стопанство, примена на нови технологии, примена на
    пазарни стандарди за квалитет и безбедност на храна, а ќе се спроведува во месеците
    кога има намалена земјоделска активност со цел да се максимизира нивното учество.”
    Констатации и заклучоци кои се провејуваат во секоја Национална стратегија за рурален развој на Македонија, но многу малку е направено од тоа континуирано неформално учење, скоро и воопшто го нема. Од тука почнуваат сите проблеми и недостатоци, без знаење нема напредок.

    Благодарам на коментарот. Истражувањата кои ги спроведовме на терен преку индивидуални прашалници зборуваат дека сите рурални претприемачи се заинтересирани за стекнување на нови знаења и вештни, подеднакво во своето стручно поле на работа, колку и во стекнувањето на подобри планерски и раководни вештини. Дали имаме предлози како да им го приближиме неформалното учење (и информирање) на практичен и едноставен начин?

Viewing 3 posts - 1 through 3 (of 3 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants