Работа за хронично невработени

Почетна Форум Од град во село, на печалба Работа за хронично невработени

  • This topic is empty.
  • Ви треба да вработите лице од одредена професија и се обраќате до Битото за помош. Ви велат таков кадар нема. А стапката на невработеност е преку 20% – секој петти од работоспособното население.

    Сега, знаеме дека некои од пријавените се само формално пријавени, но има многу кои се хронично невработени – над 5 години бараат работа. Тоа се кадри кои настрадале со колапс на работодавачот или како технолошки вишок, а веќе се „во години“. Ако ја погледнете статистиката ќе утврдите дека тие се најмногубројни помеѓу невработените. Во нив се крие животно искуство и потенцијал истото да биде мудро искористено. Повеќето од нив живеат по градовите, но некои од нив имаат рурално потекло и можеби имот во „стариот крај“.

    Дали некој има креативни предлози како овие лица би се вработиле или самовработиле во руралните средини?

Viewing 1 post (of 1 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants