Реалност на руралниот бизнис

  • petar andonov
    Participant

    Руралната економија воглаво е претставена од мали претпријатија (вклучително и микро претпријатијата) кои својата економска активност ја фокусираат на локалните и регионалните пазари. Речиси сите претпријатија од примарното земјоделско производство се лоцирани во претежно руралните региони. Прехранбената индустрија (освен за месни преработки и кланици) се наоѓа во руралните средини поради близината на суровините од земјоделството. Земјоделството и приходите од земјоделската дејност и поврзаните преработувачки и услужни дејности се сеуште одржлив извор на приход за руралното население. Напорите за промовирање на претприемништвото и занаети во руралните области вон земјоделската дејност се ограничени со нискиот образовен статус на работната сила и недостиг на професионално искуство.

Viewing 1 post (of 1 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants