Услови за финансирање на рурален бизнис

Почетна Форум Техничка и финансиска поддршка Услови за финансирање на рурален бизнис

  • petar andonov
    Participant

    Финансиската поддршка се смета за еден од клучните елементи и предуслови за креирање на општа претприемничка клима во руралните средини.

    petar andonov
    Participant

    Финансирањето е едно од најважните подрачја на поттикнување на развојот на земјоделските стопанства. Финансиската поддршка се смета за еден од клучните елементи и предуслови за креирање на општа претприемничка клима во руралните средини. Основен предизвик со кој се соочува секое земјоделско стопанство при реализирање на својата бизнис идеја е обезбедување на финансиски средства. Финансирањето може да претставува проблем, особено доколку земјоделецот не е доволно информиран за можностите и принципите на финансирањето. Финансирањето на земјоделските стопанства има одредени специфичности, а особено поради зголемениот ризик, финансиите за земјоделскиот сектор се потешко достапни и по неповолни услови. И покрај тоа, со тек на време, особено во развиените земји се појавиле и развиле одредени форми на финансирање кои поаѓајќи од спецификите на малите и средни претпријатија се прилагодени токму на нивните потреби и можности. При финансирањето на сопствениот бизнис земјоделците целат да обезбедат средства по најповолни услови а притоа да не ја изгубат сопственичката контрола врз својот бизнис. Покрај класичниот начин на финансирање по пат на кредити, на земјоделците се повеќе на располагање им стојат и алтернативните форми на финансирање. Приливот на средства во земјоделството може да е:

    1. комерцијално преку кредитирањето од банките,

    2. државно преку Национална стратегија за земјоделството и руралниот развој за период 2014-2020г, и

    3. меѓународно преку ЕУ фондови – ИПАРД програма.

    Во моментов, македонскиот земјоделски и рурален сектор се соочува со значајни предизвици, во однос на можностите за квалитетно земјоделско производство, конкуренцијата од регионалните, од европските и од меѓународните пазари, начините на подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини, отворање нови работни места итн. Во таа насока, важен е ефективниот и добро координаиран одговор на институциите на државата при креирањето на соодветната земјоделска политика, прилагодувањето на законската регулатива и реформите во јавните институции. Меѓутоа, во овој процес исклучително потребно и важно е мобилизирање на сите други релевантни актери и чинители кои директно или индиректно влијааат во земјоделскиот и во руралниот сектор.

Viewing 2 posts - 1 through 2 (of 2 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants