Што очекуваат работодавачите?

Почетна Форум Од град во село, на печалба Што очекуваат работодавачите?

  • Да се стане работодавач не е лесна работа. Треба да се креира работно место, да се осмисли описот на работни задачи, да се дефинира профилот на кадри кои би можеле да ги извршуваат овие работни задачи, да се внимава на безбедноста и заштита при работа, да се искалкулира инвестицијата за отворање на тоа работно место (и за неговото одржување) и на крај да се утврди формулата за пресметување на платата според учинокот кој се очекува од тоа работно место. За ваквите важни прашања поголемите компании развиваат стратегии, вработуваат лица за кадровски прашања, креираат алатки за следење на превземените мерки.
    Што од сето ова му е достапно на малиот претприемач или фармер кој работи во рурална средина?
    И дали е свесен колку ова му е неопходно ако сака не само да работи, туку и да заработи.

    Petar
    Keymaster

    Работодавачите очекуваат едно, работниците очекуваат друго, инвеститорите трето …

    Главна поплака на работодавачите во руралните средини е недостатокот на работна сила која би ја ангажирале. Работниците се во градот, или поточно невработените кои би можеле да бидат ангажирани.
    А од градот до селото нема редовни автобуски линии. Дали на работовадачот му се исплаќа сам да го организира нивниот превоз, или е подготвен да го плати нивниот приватен транспорт. Доколку сте Кромберг и Шуберт одговорот е лесен, но оваа компанија која е лоцирана на самата граница добива многу други привилегии кои малите рурални бизниси не можат ни да ги сонуваат. Очигледно е дека редовните и квалитетни автобуски линии се предуслов за луѓето кои би работеле на село, но сакаат да живеат во град.

    И платата која би ја добиле е често непозната бројка, како за вработените, така и за работодавачите. Оние работодаваќи коишто знаат да направат добра калкулација често заклучуваат дека нивната понуда е неатрактивна за кадарот кој сакаат да го вработат, па се откажуваат од барањето. Можеби сигурни и долгорочни субвенции за придонесите кои би ги платиле се стимулацијата која ќе ја смени сликата?

    На крај, на руралниот претприемач му е потрбен и високо квалификуван кадар, зошто ваквиот кадар генерира и високи приходи за работодавачот. Но, високо образованите и стручни кадри бараат работни ангажмани каде што можат да напредуваат-проблем тешко решлив за мал рурален стопанственик. Повторно решението треба да го бараме во специјална поддршка за кариерен развој. Оваа подршка може да ја даде само заедницата, а работодавачот само треба да се сложи дека ова треба да се случува во работно време.

    Кога сме веќе кај работното време, не треба да заборавиме дека често руралните дејности се сезонски, што е уште една одбивна работа за идните вработени и кочница за работодавачите. Можеби во ниската сезона би било добро да се учи, да се зголемуваат вештините и знаењето или да се стекнуваат нови вештини со кој ќе се диверзифициираат нови производи и услуги за пазарот? Секако техничката поддршка за ваквото учење не може да падне исклучиво на работодавачот…

Viewing 3 posts - 1 through 3 (of 3 total)
  • You must be logged in to reply to this topic.

© 2020 Odikon Consultants